|
|
| 06.07.2005 |
| "Морал" ќе го отворат концертот на "Дип Парпл" |
|
Скопската група "Морал" ќе го отвори концертот на легендарните англиски рокери "Дип Парпл", на Скопскиот Саем, на 19 јули. "Морал", со организаторите на концертот "Авалон Продукција" договориле 45 минутен настап пред ѕвездите на вечерта да се појават на сцената.
На скопските хадр-рокери им е дамнешна желба да свират на иста сцена со "Дип Парпл". Преклани, тие требаше да свират на нивниот концерт во Белград. Поради недоразбирање со органинзаторот, не настапија и останаа зад сцената.
Билетите за спектаклот на отворено се во продажба во музичките продавници "Рекорд рекордс", "Југотон", "Тобако 1, 2 и 3", "Веро 2", Кафе "Тренд" и "Хепи Хаус" по цена од 1000 денари. |
| 23.06.2005 |
| Секогаш блиски до народот |
|
Полицискиот велосипедиски тим во градот Скопје функционира речеси цела година и постигнува завидни резултати. Составен е од десет члена, од кои осум момчиња и две девојки, кои дејствуваат во подрачјето на град Скопје. Начинот на работа на овој тим прв пат беше воспоставен во Кавадарци и засега покажува одлични резултати, а нивниот пристап до граѓаните е пионерски чекор на овие простори. Основна задача на тимот се состои од интервенција на места кои се непристапни за полициските возила, како што е паркот и тоа обично во летниот период, додека зимскиот е резервиран за посета на училиштата и директни средби со децата. Нивен препознатлив симбол преставува гранчето мимоза. Левата страна од гранчето го претставува народот, а десната полицијата. Со допир на која било страна од ова гранче ливчињата се приближуваат едни кон други, односно се алудира на првенствената цел на постоење на овој тим, а тоа е зближувањето на полицијата со граѓаните. |
| 23.06.2005 |
| Стоп за безидејното градење |
|
Студентите од трета година на Катедрата по историја на уметност на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", пред зградата на некогашната печатница "Гоце Делчев", организираат еко перформанс против градењето без концепт и без идеја. Тие со естетските интервенции што ги изведуваат на урнатините од зградата сакаат да порачаат да престанат безидејните и лошо осмислени градби, како и да потсетат дека во јадрото на градот се уште постојат објекти кои се распаѓаат. Студентите ѕидовите ги покрија со трите основни бои - црвена, зелена и сина, а на прозорците поставија човечки фигури. Пред зградата е поставено пано на кое секој минувач може да напише својот став и мислење за урбаните проблеми во градот. Перформансот ќе трае до среда, а во сабота навечер ќе се одржи голема журка. |
| 23.06.2005 |
| Светска премиера на "Војна на световите" во Скопје |
|
Во Скопје ќе се случува претпремиерата на светскиот мега филмски хит "Војна на световите" на Стивен Спилберг. На една минута по полноќ, на преминот меѓу 26 и 27 овој месец, во киносалата во Домот на АРМ во Скопје ќе се прикажува предпремиерата на овој Спилбергов филм, истовремено со проекциите и во киносалите во Лондон, Париз, Рим и Берлин.
Спилберг раскажува за инвазија на вонземјаните. Приказната се одвива во еден мал американски град и околу едно обично американско семејство, во кое главата на фамилијата (Том Круз), обидувајки се да го спаси семејството, ќе се вклучи во борбата против натрапниците. Филмот е досега најскап снимен СФ филм и чинеше 200 милиони долари. Се очекува веќе во првата недела од прикажувањето да стане најисплатливиот блокбастер во историјата на филмот. |
Ги повикуваме
сите посетители на странава доколку имаат некој материјал
за дополнување на странава слободно да го достават ќе
го објавиме бесплатно.
|
|
Design
by: UNet Web Development Team |
| Maintained
and hosted by: UNet |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
каде
сме ние?
|
 |
| |
|
|
|